Покрај оваа награда, Васил Хаџиманов заедно со својот бенд се најде на второто место во категоријата „Најдобра џез група“. Хаџиманов така се најде во друштво на добитници меѓу кои се и врвни џез музичари како Рон Картер, Марк Копланд, Чик Кореа, Ренди Беркер, Дејвид Либман...
Зад оваа награда стои Арнолдо Де Сутеиро, џез новинар, историчар, предавач и продуцент на повеќе од 830 џез композиции. Де Сутеиро е член на одборот за гласање во НАРАС-Греми, како и на Здружението на новинари на џез и џез здружението на Лос Анџелес.
Во конкуренција за наградите беа само албуми издадени или снимени во 2019 година, а Васил Хаџиманов е награден за “Lines in Sand”.