Професорки на Музичката академија ја добија престижната награда на СОКОМ

Камерното дуо Златка Митева (флејта) и Наташа Трбојевиќ (пијано), професорки на Музичката академија при УГД – Штип, ја добија наградата „Георги Божиков“, која СОКОМ ја доделува на музички уметници и ансамбли за најуспешна јавна изведба на дела од македонски композитори во текот на една година. Наградата се однесува за 2019 година.

Доделувањето на наградите на СОКОМ се одржа пред концертот на Гудачкиот оркестар на Филхармонијата со наслов „Гравитациски бранови“, кој се одржа на 24 септември во големата сала на Македонската филхармонија.

Сојузот на композиторите на Македонија (СОКОМ) во рамките на програмата на Фестивалот „Денови на македонска музика“ традиционално ги доделува наградите за најдобрите и најуспешните музички творци и изведувачи.

Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…