Овие несекојдневни инструкции се среќаваат во едно дело со наслов: Everything I Know About Writing Poetry. Белешките на Kenyon се презентирани на едно предавање кое таа го одржа во 1991 година. Иако нејзините пораки се наменети за поетите, тие можат да бидат применети во било кое поле на културно изразување и можат да го наелектризираат било кој уметник.
Овие пораки беа изразени со непретенциозна искреност која го рефлектираше нејзиното искуство како поет со децении:
„Кажи ја целата вистина. Не биди мрзелив, не биди уплашен. Исклучи ја критиката кога почнуваш нешто ново. Заинтересирај се за чистината на емоцијата“.
Крајниот пасус на белешките на Kenyon, кој може да се најде во книгата на Shapiro, ги содржи едни од најблагородните начела по кои би требало да живее едно човечко суштество:
„Биди домаќин на своите подароци. Грижи се за своето време. Нахрани го твојот внатрешен живот. Избегнувај бука. Читај добри книги, слушај добри фрази во твоите уши. Биди самостоен секогаш кога можеш. Оди. Исклучи го телефонот. Работи кога е време за тоа“.
Извор: www.brainpickings.org.