Композиторката Валентина Велковска-Трајановска, професор на Музичката академија на УГД е избрана за претседател на Сојузот на композиторите на Македонија

На Изборно собрание на Сојузот на композиторите на Македонија, што се одржа на 13.2.2021 г., беа избрани новите членови на раководните тела на ова Здружение за следниот мандат од две години.

За претседател на Претседателството на СОКОМ редовните членови ја избраа композиторката проф. д-р Валентина Велковска-Трајановска, со што таа воедно станува и првата композиторка која застанува на чело на оваа институција во нејзиното седумдецениско постоење.

Професорката на Музичката академија при УГД-Штип, музиколог д-р Стефанија Лешкова-Зеленковска беше избрана во новото претседателство кое го сочинуваат и композиторите проф. Живојин Глишиќ, проф. м-р Јана Андреевска, проф. д-р Горан Начевски, м-р Борис Светиев и музикологот д-р Мирјана Павловска-Шулајковска.

За претседател на Собранието на СОКОМ е реизбран проф. д-р Јане Коџабашија.

Последен пат изменето на Петок, 19 Февруари 2021 12:44
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…