Музичката академија со биг-бенд проект во Црна Гора

Музичката академија при УГД во соработка со Џез арт центарот во Подгорица и Музичката академија во Белград, од 24 до 30 април, ќе реализираат заеднички биг-бенд проект во Црна Гора.

Покрај студенти од УГД, предводени од професорот Тони Китановски, учествуваат и млади композитори и музичари од повеќе земји од регионот: Србија, Црна Гора, Романија, Словенија, Босна, Албанија и Македонија.

Овој интернационален оркестар диригиран од Китановски и професорот Владимир Николов (поранешен професор на Музичката академија во Штип, а сега раководител на Џез одделот на белградската академија) ќе одржи два концерти во духот на прославата на меѓународниот ден на џезот, 30 април, во градовите Цетиње и Подгорица.

Медиумите во Црна Гора веќе објавуваат низа информации поврзани со овој голем настан, а деканот на Музичката академија при УГД, проф. м-р Тони Китановски, е примен како огромна музичка ѕвезда.

Повеќе: Džez je muzika ljudskog roda (vijesti.me)

Последен пат изменето на Среда, 28 Април 2021 14:00
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…