Златка Митева на флејта и Наташа Трбојевиќ на пијано, и двете професорки на Музичката академија во Штип, минатата недела одржаа два целовечерни концерти во Истанбул (Р Турција) и во Скопје.
Концертот во Истанбул се одржа во новоотворениот Културно-информативен центар во Истанбул. Концертот, на кој беше присутна и висока делегација на Генералниот конзулат на РС Македонија во Истанбул, беше проследен од истанбулската публика со голем интерес и внимание.
На 26 септември 2021 година Наташа Трбојевиќ и Златка Митева се претставија со целовечерен концерт „Музика за флејта и пијано од македонски композитори", во рамки на „Вечер на лауреати“ на Фестивалот „Денови на македонска музика“, во организација на СОКОМ во Музеј на македонската борба во Скопје. Многубројната публика ја награди нивната изведба со бурен аплауз и со овации.
Галерија