Во 1632 година, Галилео ја напиша својата импресивна книга „Дијалог помеѓу два главни светски системи“ што ја посвети на неговиот водич, големиот војвода на Тоскана. Книгата е посветена на серија разговори помеѓу неук човек и двајца филозофи и таа во својата срж е безвременски манифест за критичко размислување.
Галилео пишува: „Внесувањето во иновативен процес, почнувајќи од најмали почетоци, не е нешто наменето за секојдневни умови; да се воодушевиш на прекрасните нешта кои се кријат под тривијалните и детинести нешта е концепт кој можат да го разберат само натчовечки таленти“.
Воведот на Галилеовото модерно издание на ова интелектуално мастер дело Алберт Ајнштајн го нарекува „минско поле на информации за кој било заинтересиран во културната историја на западниот свет и неговото влијание во економскиот и политичкиот развој“ и пишува: „Авторот овде го разоткрил човекот кој ја поседува страсната желба, интелигенцијата и храброста – да застане како репрезентација на рационалното размислување наспроти оние кои се потпираат на игнорантниот ум и мрзливоста на учителите во црквите и училиштата кои застануваат во одбрана на нивниот авторитет. Неговиот невообичаен книжевен талент му дозволува да ги повика едуцираните луѓе на негова возраст на чист и импресивен јазик со што има за цел да ги надмине антропоцентричните и митските размислувања на неговите современици“.
Галилео ја добива битката со игнорантноста и мрзливоста со критичко размислување на еден од неговите фикциони протагонисти во оваа книга: „На долги патеки, моите набљудувања ме убедија дека некои луѓе, размислувајќи бесмислено, најпрво донесуваат некакви заклучоци во нивните умови кои или сами ги измислиле или, пак, ги добиле од некој кој во целост ги фасцинира и во кого имаат полна доверба – така што станува невозможно да ги извадат овие заклучоци од нивните умови“.
Ваквите заклучоци кои ги поддржуваат нивните фиксирани идеи, без разлика колку се едноставни и глупави, наидуваат на инстантно прифаќање и аплауз.
Од друга страна, она што е спротивставено на овие идеи, без разлика колку е генијално и сеопфатно, наидува на презир“.
Извор: http://brainpickings.com