Математиката во филмот

Математиката и математичарите биле инспирација за бројни филмски остварувања. Издвојуваме неколку филма кои имаат „математичка“ тема. Ако не ви е доволна математиката во секојдневието, тогаш погледнете ги следниве одлични филмски остварувања:

„Прекрасен ум“
Биографска драма за нобеловецот Џон Неш. Филмот го прикажува неговиот живот, професионалните успеси во полето на науката и во академската кариера, но и неговиот таен живот и борбата со сопствената болест.
„Технотајз – Едит и јас“
Млада девојка работи како волонтер во Истражувачки центар каде што се грижи за Абел – аутистично момче со натпросечна интелигенција. Абел открива формула која ги обединува сите енергии на Земјата, а по ова откритие ја прекинува комуникацијата со светот околу себе.
„21 грам“
Филмот е спој од неколку филмски приказни, судбината на тешко болниот математичар, очајот на една мајка и животот на поранешен затвореник. Насловот на филмот доаѓа од едно истражување кое докажува дека кога настапува смрт, телесната тежина се намалува за 21 грам – толку колку што тежи душата на човекот.
„Коцка“
Филм за осум луѓе кои се будат во соба која има облик на коцка без да можат да се сетат како воопшто стигнале таму. Набргу откриваат дека се во четврта димензија, каде што физичките закони не важат и мора да ги откријат тајните на коцката за да преживеат.
„Добриот Вил Хантинг“
Приказна за дваесетгодишно момче со исклучителна интелигенција кое работи како чувар на Техничкиот факултет во Масачусетс и кое тајно решава тешки математички задачи.

Последен пат изменето на Понеделник, 26 Октомври 2015 10:17
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…