- Многу сме задоволни што се одржува овој фестивал низ цела Македонија. Морам да ја истакнам благодарноста на Универзитетот „Гоце Делчев“ и на Прокредит банка кои го поддржуваат овој настан и со тоа помагаат во ширењето на германската култура. Минатата година во десет града имавме десет илјади посетители. Се надевам дека оваа година ќе оствариме уште поголема бројка на посетители. Знаеме дека интересот за изучување на германскиот јазик во државата е многу голем, иако филмовите се титлувани на македонски јазик сигурни сме дека голем дел од публиката ќе ги разбере без превод .изјави заменик-амбасадорот на Германија во Република Македонија, Ханс Хелге Занден
Проректорот за настава на УГД, доц. д-р Кирил Барбареев, истакна дека Универзитетот секогаш ќе ги поддржува културните настани и ќе биде промотор на вистинските вредности.
- Ние ова го поддржуваме седма година по ред. Во моментот даваме поддршка на еден сериозен настан, поддршка на европската култура и цивилизација како што е германскиот филм. Не случајно УГД формираше ликовна, музичка и филмска уметност. Со тоа даваме поддршка на уметноста и на културата. изјави проректорот проф. д-р Барбареев
Неделата на германски филм ќе трае до петок (30.10.2015 г.), а на репертоарот се следниве филмови:
27.10.2015 – ФЕНИКС (драма)
Режија: Кристијан Пецолд
Германија, 2014, 98 мин.
Почеток: 20 часот
28.10.2015 – ХАКЕРИ (трилер)
Режија: Баран Бо Одар
Германија, 2014
Почеток: 20 часот
29.10.2015 – ЛОЛА НА ГРАШОКОT (детски филм)
Режија: Томан Хајнеман
Германија, 2014, 90 мин.
Почеток: 17 часот
Режија: Арен Акте
Германија, 2015, 97 мин.
Почеток: 19 часот
30.10.2015 – 300 ЗБОРА ГЕРМАНСКИ (комедија)
Режија: Зили Аладак
Германија, 2014, 96 мин.
Почеток: 20 часот