Кога Ајнштајн го сретна Тагоре: најинтелектуален разговор во историјата

На 14 јули 1930 година, Алберт Ајнштајн во својот дом во Берлин го прими индискиот филозоф Рабиндранат Тагоре.

Тие имаа еден од најинтелектуалните разговори во историјата, вклучувајќи некои важни прашања околу науката и религијата.

Книгата „Науката и индиската традиција: кога Ајнштајн го сретна Тагоре“ говори за историска средба која сведочи за спојот помеѓу индиската традиција и западното општество.

Следува извадок од книгата кој отвора прашања за науката, убавината, свеста, вистината и филозофијата.

Ајнштајн: Верувате ли во божественото како нешто изолирано од светот?

Тагоре: Не е изолирано. Бесконечната личност на човекот го опфаќа космосот. Овде нема ништо што не може да се окарактеризира како човечка особина, а тоа докажува дека вистината за космосот е човечка вистина.

Ќе го објаснам ова со научен факт. Материјата се состои од протони и електрони со празнини меѓу нив, но материјата е цврста. Слично на тоа, човештвото се состои од поединци, но тие имаат свои меѓучовечки односи што го прават светот единствен. Целиот космос е поврзан со нас на сличен начин, тоа е човечки универзум. Јас ја продолжувам оваа мисла низ уметноста, книжевноста и религиозната свест на човекот.

Ајнштајн: Постојат две различни концепции за природата на универзумот: светот како единство кое зависи од луѓето и светот како реалност независна од човечкиот фактор.

Тагоре: Кога нашиот космос е во согласност со човекот, ние го препознаваме како вистина, го чувствуваме како убавина.

Ајнштајн: Тоа е чист човечки концепт за универзумот.

Тагоре: Не може да биде друг концепт. Овој свет е човечки свет – научниот поглед на него зависи од научникот.

Ајнштајн: Тоа е остварување на човековиот ентитет.

Тагоре: Да, на еден вечен ентитет. Него мораме да го разбереме преку нашите емоции и активности. Науката се занимава со она што не е ограничено на поединецот, а тоа е човечкиот свет со една заедничка вистина. Религијата ја разбира таа вистина и ја поврзува со нашите најдлабоки потреби, нашата индивидуална вистина добива универзално значење.

Религијата ја разбира таа вистина и ја поврзува со нашите најдлабоки потреби. Нашата индивидуална свест за вистината добива универзално значење.

Религијата се додава на вредноста на вистината, а таа вистина ја прифаќаме како добра низ сопствената хармонија со неа.

Ајнштајн: Вистината, значи, убавината е независна од човекот?

Тагоре: Не.

Ајнштајн: Кога веќе не би постоеле луѓето, Аполо од Белведере повеќе не би била убава.

Тагоре: Не.

Ајнштајн: Се сложувам дека ова се однесува на концептот на разбирање на убавината, но не и на концептот на вистината.

Тагоре: Зошто не? Вистината се реализира низ човекот.

Ајнштајн: Јас не можам да докажам дека мојот концепт е исправен, но тоа е моја религија.

Тагоре: Убавината е совршена хармонија која се наоѓа во универзалното битие. Вистината е совршено разбирање на универзалниот ум. Ние им приоѓаме низ своите грешки и заблуди, низ нашите акумулирани искуства, кон просветлената свест – како инаку би можеле да ја спознаеме вистината?

Ајнштајн: Јас научно не можам да докажам дека вистината мора да биде вистина која вреди независно од луѓето, но верувам цврсто во тоа. Верувам дека, на пример, Питагоровата теорема во геометријата наведува нешто што е релативно точно, независно од постоењето на човекот. Во секој случај, ако реалноста е независна од човекот, во неа се наоѓа и вистината која се однесува на оваа реалност.

Тагоре: Во науката преминуваме низ процес на отстранување на нашите ограничувања како личности, а со тоа доаѓаме до вистината која е во умот на универзалниот човек.

Ајнштајн: Проблемот е дали вистината е независна од нашата свест?

Тагоре: Она што ние го нарекуваме вистина лежи во рационална хармонија меѓу субјективните и објективните аспекти на реалноста.

Ајнштајн: Дури и во нашиот секојдневен живот се чувствуваме присилени да ја опишеме реалноста независно од предметите што ги користиме. Тоа го правиме за да ги поврземе нашите чувства на разумен начин.

Доколку нема никој во собата, оваа маса ќе остане таму каде што е.

Тагоре: Да, реалноста останува надвор од индивидуалниот, но не и надвор од универзалниот ум.

Извор: https://www.brainpickings.org/.

 

Последен пат изменето на Понеделник, 02 Ноември 2015 15:24
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…