Бертранд Расел: Декалог за одговорностите на учителот

Британскиот филозоф, математичар, историчар и социјален критичар Бертранд Расел е еден од интелектуално највлијателните мислители во модерната историја.

Од третото издание на „Автобиографијата на Бертранд Расел: 1944-1969“ доаѓа еден маркантен манифест, наречен „Либерален декалог“ – визија за одговорностите на учителот, во кој Расел обработува бројни теми од неговото минато – улогата на образованието, значењето на несигурноста, важноста на критичкото размислување, интелигентната критика и многу други.

„Десетте заповеди“, кои јас како учител би сакал да ги објавам се следните:

  • Немој да се чувствуваш апсолутно сигурен за сѐ.
  • Немој да мислиш дека по секоја цена треба да продолжиш да собираш докази, затоа што доказите секако ќе се појават.
  • Никогаш не се обесхрабрувај, успехот е неминовен.
  • Кога ќе се сретнеш со спротивставено мислење, макар да е тоа и на твоите најблиски, охрабри го да се искаже со аргументи, а не со авторитет. Победата која зависи од авторитет е нереална и илузорна.
  • Немај почит за авторитетот на другите, затоа што секогаш ќе среќаваш спротивставени авторитети.
  • Немој да ја користиш сопствената моќ за да ги понижиш спротивставените мислења, затоа што ќе дојде време кога тие мислења ќе те понижат тебе.
  • Немој да се плашиш да бидеш ексцентричен во своето мислење, затоа што секое мислење кое денес е прифатено – некогаш било ексцентрично.
  • Барај повеќе задоволство во интелигентното несложување отколку во пасивното сложување. Доколку ја цениш интелигенцијата, првото ќе донесе до подлабоко разбирање отколку второто.
  • Биди целосно вистинит - и покрај тоа што можеби вистината би делувала неверојатно во моментот кога ќе ја откриеш пред другите.
  • Не чувствувај гнев за среќата на оние кои живеат во лажен свет, затоа што само будала би помислил дека тоа е вистинска среќа.

Извор: www.brainpickings.org.

 

Последен пат изменето на Вторник, 03 Ноември 2015 12:18
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…