Студентите од Ликовната академија при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип ќе го имаат своето прво претставување на официјална изложба.

Нивните дела ќе бидат изложени во рамките на 47. Традиционална изложба на ДЛУШ, којашто ќе биде отворена в петок (6 ноември) во 19 часот во Уметничката галерија „Безистен“ во Штип. Според деканот на Ликовната академија, проф. д-р Катерина Деспот, ова е одлична можност студентите да ги изложат своите дела и да бидат мотивирани за нивната натамошна работа:

- Ова е еден добар чекор каде што нашите студенти имаат можност преку Академијата и заедно со Друштвото на ликовни уметници да изложуваат свои дела. Тоа се студентски задачи, учество имаат сите студенти, од сите години, со дела кои ги сработиле за време на студирањето. Тоа е едно ослободување на студентите, кога нивните дела се изложени во еден убав простор за изложување, да ги постават своите работи, да видат дека нивните дела можат да бидат изложени на критика, и тоа е едно зајакнување на нивната самодоверба, кога го пласираат својот израз пред јавноста.

Последен пат изменето на Четврток, 05 Ноември 2015 11:54
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…