Само преку прифаќање на своите внатрешни контрадикторности и дуалитети ќе ја ослободиме нашата темна страна и ќе ја направиме во функција на едно општо добро.
Ова изгледа како една застарена порака која е повеќе од потребна во еден свет нетолерантен кон дуалитетите, каде што секојдневно правиме поделба на доброто и лошото, во кое било поле.
Сепак, пораката е стара повеќе од два милениума и се среќава во написите на Маркус Аурелиус, последниот од петтемина римски императори и еден од највлијателните стоички филозофи.
Во неговата книга „Медитации“, Аурелиус нуди исклучително добар совет за тоа како да се започне секој ден и како тоа да придонесе за максимална свесност и внатрешен мир во текот на денот:
Кога ќе се разбудите наутро, кажете си себеси: Луѓето со кои ќе се сретнам денес ќе бидат неблагодарни, арогантни, нечесни, љубоморни и зловолни. Тие се такви бидејќи не знаат да направат граница помеѓу доброто и лошото. Но, јас го имам видено убавото во доброто, грдото во лошото и имам препознато дека грешните имаат природа слична на мојата – не иста крв, но ист ум кој го поседува божественото. Така, никој од нив не може да ми наштети. Никој не може да ми наметне грдост. Ниту пак јас можам да му се налутам на тој мој роднина, ниту да го мразам. Ние се родивме за да работиме заедно како две нозе, раце, очи и како два реда заби – горни и долни. Неприродно е да си пречиме еден на друг. Да бидеме лути некому, да му свртиме грб: ова се пречкиМаркус Аурелиус
Извор: www.brainpickings.com.