Една генерација подоцна, во 1885 г., одличниот француски сликар Пол Сезан го објави своето внатрешно оплакување преку неговото единствено љубовно писмо кое може да се најде во книгата „Писмата на Пол Сезан“, напишана од бугарскиот писател Алекс Данчев. Ова писмо е бесценет тестамент за врската помеѓу фрустрациите и задоволството во љубовта.
На 46-годишна возраст, Сезан очајно се заљуби во жена чиј идентитет, слично како примачот на единственото љубовно писмо на Бетовен, останува мистерија.
На врвот од интензивната заслепеност, тој напишал едно продорно писмо на позадината на негова слика. Таму Сезан пишува: „Те видов и ти ми дозволи да те бакнам, од тој момент немам мир поради длабок немир. Ти ќе ја простиш слободата која вознемирената душа си ја зема за да ти пише. Не знам како да ти ја опишам таа слобода која за тебе може да биде преубава, но како да останам угнетуван од оваа потиштеност? Нели е подобро да ја изразам емоцијата отколку да ја прикривам? Зошто, се прашувам, да бидам тивок за моето измачување? Зарем не е ослободување да му дозволиш на измачувањето да се изрази? И, ако физичката болка може да најде некое ослободување во болните солзи, нели е неприродно, госпоѓо, тоа психолошко страдање да здивне во исповед направена кон објектот на обожавање? Речиси разбирам дека ова писмо, пратено непромислено и прерано, може да се разбере како невнимателно, нема да каже ништо повеќе од добрината на...“ (Фрагмент од единственото љубовно писмо на Пол Сезан)
Извор: http://brainpickings.org