Дејвид Линч за фрагментираноста на идеите

Кога ќе прашаме што е креативност, неодминливо е продирањето во прашањето од каде доаѓаат добрите идеи и како можеме да ги реализираме. Во 1926 година, Грахам Волас предложи уникатен модел кој ги објаснува четирите фази на креативниот процес, модел којшто подоцна во 1939 година беше адаптиран во „техника за продуцирање на идеи“ во пет техники и на овој начин изврши влијание врз денешните теории за креативниот процес.

Спротивно на она што го опишуваат психолозите, најдобрите одговори доаѓаат од уметниците, писателите, творците и креативните работници кои повикуваат и извлекуваат идеи важни за животот.

Во еден одличен разговор во Бруклинската музичка академија, новинарот Пол Холденграбер на легендарниот режисер Дејвид Линч му го постави прашањето: „Од каде доаѓаат идеите?“. Линч одговара со еднаква безбожност и продлабоченост и зборува за фрагментираната природа на креативноста и нејзиниот квалитет, спомнувајќи ја во овој контекст и „бисоцијалната теорија“ на Артур Кестлер, објавена во 1964 година.

Кога идејата доаѓа – ја гледаш, ја слушаш и ја спознаваш. Не можеме ништо без идеи. Тие се прекрасни подароци. Секогаш велам, работењето на одредена идеја е како прикачување на мамец – секогаш можеш да ја извлечеш. Доколку се „закачиш“ на некоја идеја којашто навистина ја сакаш, тоа ќе биде многу убав ден. Ја запишуваш идејата за да не ја заборавиш. Таа идеја што си ја „фатил“ може да биде само еден фрагмент од целината – што и да е таа. Размислувањето за тој мал фрагмент, таа мала риба во морето, ќе донесе повеќе риби, повеќе идеи, тие ќе надојдат и ќе се фатат на мамецот. Идеите надоаѓаат, а ти наскоро ќе имаш сценарио или некаков стол, цртеж или идеја за цртеж. Идеите најчесто доаѓаат во мали фрагменти“ .Дејвид Линч, холивудски режисер

Извор: http://brainpickings.com 

Последен пат изменето на Четврток, 19 Ноември 2015 11:35
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…