За добрите приказни наградниот Конкурс „Trash for art 2015“ предвидува три награди:
I место – 30.000 денари;
II место – 20.000 денари;
III место – 10.000 денари.
Наградниот конкурс е отворен за возрасни и деца што ќе се натпреваруваат во три категории:
- градинки;
- основни училишта;
- поединци и други институции (средни училишта, факултети, невладини организации и други).
Во секоја категорија ќе бидат доделени по три награди - за прво, второ и трето место.
Правила за учество:
- Делата треба да бидат изработени од минимум 10 парчиња амбалажен отпад (од ист или различен тип амбалажа) и да бидат високи до 150 см.
- Под амбалажен отпад се подразбираат: лименки, пластични и стаклени шишиња, тегли, капачиња, картонски кутии, конзерви, амбалажи од козметика и средства за чистење, пластични чаши, фолија за пакување, дрвени палети, тетрапак-пакувања, кеси од чипс, обвивки и сл.
- Еден учесник може да пријави и повеќе дела, но не може да освои повеќе од една награда.
- Делата треба да се достават на 14 и 15 декември, од 12 до 20 часот, во Конгресен центар „Александар Македонски“ (Универзална сала) во Скопје, на бул. „Партизански одреди“ бб.
- Наградените дела ќе бидат објавени на 16 декември на веб-сајтот на Пакомак и ќе останат во сопственост на Пакомак.
- Недобитните дела ќе може да се подигнат на 17 и 18 декември од 14 до 19 часот.
- Пријавата за учество се пополнува при предавањето на делата, не е потребно претходно пријавување.
За повеќе информации посетете ја веб-страницата http://pakomak.com.mk/.