Професорот Трајанов е добитник на повеќе домашни и интернационални награди, настапувал на голем број популарни сцени во светот, на 700 претстави во над 80 оперски куќи во светот. Во својата 30-годишна кариера се стекнал со признанието „Уметник на мирот“, доделено од УНЕСКО, и ја добил наградата „Оперски Оскар“ за најдобар машки оперски уметник во Грац.
Професорот Трајанов во 2008 година станал дел од Музичката академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, каде што ја формира Катедрата за соло пеење.
Јубилејниот концерт Борис Трајанов ќе го одржи на 24 декември 2015 г. (четврток) во 20 часот во Македонската опера и балет.