(ВИДЕО) Како да направите снегулки?

Ова е експеримент на Кенет Либрехт, физичар и автор на неколку книги за снегулки, кој ги проучува својствата на снежните кристали, особено структурата на снегулките.

Експериментот покажува како да се направи снежен кристал во пластично шише, а покрај шише, ќе ви биде потребно и бокал, сунѓер, рибарски конец, игли и шпенадли и сув мраз. Сувиот мраз е всушност замрзнат гас – јаглероден диоксид и има пониска температура од обичниот мраз, која достигнува и до -80 степени. Па, доколку имате пристап до ваков мраз, и се разбира доколку имате време и трпение, пробајте да си направите сопствена снежна бајка.

Извор: http://enauka.mk 

Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…