(ВИДЕО) Како Дејвид Боуви го глумеше Тесла

Музичката легенда Дејвид Боуви почина по 18 месечна борба со ракот.

Додека многумина од вас ја делат оваа загуба, бараме да ја почитувате приватноста на неговата фамилија во текот на деновите на жалост“ – беше објавено на официјален Фејсбук профил на овој познат музичар.

 

Боуви почина два дена откако го прослави својот 69 роденден, истиот ден го објави и неговиот најнов албум „Blackstar“.

Но покрај генијалното музичко творештво, Боуви имаше и скромно филмско искуство.

Она што ќе биде запаметено покрај неговата музика е и неговата одлична улога во филмот „Престиж“ каде го игра големиот научник Никола Тесла.

Историскиот филм „Престиж“ на Кристофер Нолан од 2006 година е снимен според истоимениот роман на Кристфер Приест од 1995 година.

Една од сцените каде Боуви го глуми Никола Тесла.

Последен пат изменето на Вторник, 12 Јануари 2016 12:01
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…