Ајнштајн за чудата и природата на човечкиот ум

Целиот свет е уметничко дело...не постои Шекспир, не постои Бетовен, не постои Бог... ние сме зборовите, ние сме музиката, ние сме сè.“, напиша Вирџинија Вулф во нејзината реколекција на познати мисли.

Во 1946, пет години по смртта на Вулф, уште еден прекрасен ум изјави слична формулација и ја прикажа преку своето искуство.

Во еден пасус во своите „Автобиографски белешки“, 67 годишниот Алберт Ајнштајн размислува за природата на чудата:

 „Немам сомнеж дека нашето размислување во најголем дел тече без да користиме зборови и во најголем дел е несвесно.

Како тогаш се случува понекогаш спонтано да се „чудиме“ за некакво искуство? Ова „чудење“ се случува кога нашето искуство доаѓа во конфликт со еден цел свет на концепти кои веќе се „заглавени“ во нас. Кога еден ваков конфликт се доживува силно, тој се враќа во нашиот ум на остар начин. Развивањето на еден ваков мисловен свет во вистинска смисла претставува постојана борба со чудата.

Едно вакво чудење искусив кога имав 5 години и татко ми ми покажа компас. Иглата во компасот се однесуваше толку одлучно, што воопшто не можеше да најде допирна точка со мојот несвесен свет од концепти произведени преку директно искуство. Сè уште се сеќавам, или барем верувам дека се сеќавам дека ова искуство ми остави длабока и долготрајна импресија.

Позади нештата мора да се има нешто длабоко скриено.“

* Алберт Ајнштајн, 1946

Извор: www.brainpickings.com 

Последен пат изменето на Петок, 15 Јануари 2016 15:13
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…