Големиот Хенри Милер за мистериите на животот

Еден од најзначајните, плодоносни и дисциплинирани автори на дваесетиот век, Хенри Милер исто така беше и шампион во мудростите на срцето, остар пророк на пишувањето и модерен филозоф.

Во дел од неговите автобиографски белешки кои датираат од 1918 година, Милер додава неколку големи мудрости во неговата плејада на познати мудрости за значењето на животот:

„Зошто сме овде ако не за да го уживаме вечниот живот, да ги решаваме проблемите кои можеме да ги решиме, да го осветлиме и да го исполниме со мир и радост нашиот близок и да ја оставиме оваа планета барем малку поздрава од она што била кога сме се родиле“.

Белешката завршува со следната мисла:

„Без разлика што е она што го спознаваш и сакаш да го спознаеш – ти завршуваш во морето на мистеријата. Гледаш дека нема почеток ниту крај, можеш да се враќаш назад колку и да сакаш, да одиш напред до недоглед, но никогаш нема да стигнеш до нештото, суштината. Ова е најважното нешто во универзумот. Дека можеме да знаеме толку многу, да препознаваме толку многу, да правиме сè – а сепак да не го дофатиме. Така треба да биде, знаеш. Од таму треба да дојде нашата почит. Најмалото и најголемото нешто, ангелите, знаете што мислам. Сè е мистерија. Сè е недопирливо, како што секогаш било, така?“

Извор: www.brainpickings.org 

Последен пат изменето на Понеделник, 18 Јануари 2016 19:15
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…