На сајтот на „PBS“ беше објавено кратко интервју со Роб Капилов, композитор и пијанист, кој во својата изјава вели: „Кога ќе помислите на музички генијалец на што прво ви текнува? Моцарт, секако. Ги пишува првите тонови на пет години, првите виолински сонати и оркестарска музика на шест и седум години, а првата симфонија на деветгодишна возраст. Тоа за нас композиторите е дури гадно, ни се гади од неговата генијалност и помислата на неговиот роденден“.
Во краткото видео објавено на сајтот тој објаснува и како Моцарт ги редуцирал тоновите и успеал да сумира цел универзум во само три ноти. „Ако Моцарт застанел таму немаше да го споменуваме и по стотици години. Во еден цитат Езра Паунд вели дека генијалец е оној кој гледа десет работи онаму каде што обичен човек гледа една. Моцарт, како што можете да забележите, гледал дваесет нешта во идеја која никогаш не би можеле ни да ја добиеме“, истакнува Капилов.
Во продолжение погледнете го целосното интервју кое со композиторот Капилов беше направено за ПБС.