„Источната галерија“ во Берлин претставува интернационален споменик на слободата. Се работи за најзачуваниот дел од Берлинскиот ѕид во должина од 1,3 километри на кој се насликани точно 106 слики од уметници од различни краеви на светот.
Иако две третини од муралите беа уништени од ерозија, од 2000 година голем број невладини организации започнаа проекти со кои се грижат за зачувување на автентичниот изглед на галеријата.
Ова место дневно го посетуваат просечно 1.000 луѓе, додека во туристичката сезона бројката достигнува и до 10.000 посетители.
Извор: www.eastsidegallery-berlin.de.