Црква Риверсајд
19 јануари 1936 година
Драг мој г. Ајнштајн,
Имаме едно прашање: Дали научниците се молат? Ова си го поставивме на нашиот неделен час. Сè почна со поставување на прашањето дали може да веруваме и во религијата и во науката. Ние пишуваме до научници и други видни луѓе и се обидуваме да дојдеме до одговор.
Би биле почестени доколку ни го одговорите прашањето: Дали научниците се молат и за што се молат?
Ние сме шесто одделение од класот на г-ѓа Елис.
Искрено ваша,
Филис“
Само пет дена подоцна, Ајнштајн ѝ возврати на нејзиното писмо со следниот одговор:
„24 јануари 1936 година
Драга Филис,
Ќе се обидам да одговорам на твоето прашање наједноставно што можам. Еве го одговорот:
Научниците веруваат дека секоја појава, вклучувајќи ги и незгодите на човечките суштества се должи на правилата на природата. Така, еден научник не може да биде склон кон верување дека настаните се под влијание на некоја натприродна сила.
Сепак, мораме да признаеме дека нашето познавање за овие сили е нецелосно, па така на крај верувањето во овие сили зависи од вербата на луѓето. Ова верување е мошне проширено дури и во најновите научни достигнувања.
Но, исто така, секој кој е сериозно посветен на науката станува убеден дека постои некаква сила која е манифест во законот на универзумот, сила која е супериорна на човечката сила.
На овој начин, напредокот на науката води до едно посебно религиозно верување кое е сосема различно од религиозноста на некои понаивни луѓе.
Срдечен поздрав,
Твој А. Ајнштајн“
Извор: www.brainpickings.org.