Студентите од Ликовна академија се претставија на Паратисима – саем за современа уметност

Престижниот саем за современа уметност „Паратисима Торино“ за својот десетгодишен јубилеј реши да излезе од границите на Италија и да го примени овој концепт на изложување ширум Европа.

Првата дестинација што ја имаше честа да го организира овој саем беше Скопје. Младинскиот културен центар се наполни со дела на стотина македонски уметници, дизајнери, архитекти, артизани и со многубројна публика која ги посетуваше сите содржини во текот на три дена.

Дел од програмата вклучи и претставување на уметничките училишта, факултети и академии. Студентите од Ликовната академија при УГД се претставија со избор на слики и цртежи - дел од програмата по класично сликарство. Нивното успешно претставување го побуди интересот на публиката, но и на организаторите, така што нашата академија беше поканета да се претстави и во наредните години.

„Паратисима Скопје“ се одржува во првата половина на јуни во Младинскиот културен центар. Задоволни од искуството, посетеноста и соработката со „Паратисима Скопје“, студентите од Ликовната академија веќе се подготвуваат за нивното овогодинешно, трето учество.

Последен пат изменето на Среда, 16 Март 2016 12:09
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…