„Уметничка пролет на УГД“

Започна „Уметничка пролет на УГД“. Серија концерти на врвни музички имиња од Македонија и од регионот ја одбележуваат оваа пролет.

Настаните под заедничко име „Уметничка пролет на УГД“  започнаа на 21 април со концерт на добро познатите Петрит Чеку, Антонијо Китановски и Емилија Потевска. Концертот се одржа во Мултимедијалниот центар на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, а публиката имаше можност да ужива во одличниот перформанс, кој според познавачите на музиката е од највисоко ниво.

Веќе на 16 мај ова уметничко доживување ќе биде збогатено со концерт на врвните музичари Влатко Стефановски и Мирослав Тадич. Серијата концерти ќе заврши на 27 мај со концертен настап на познатиот бенд на врвниот пијанист Васил Хаџиманов. Последните два концерти ќе се одржат во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип.

 

Освен концертните настапи, на деновите на одржување на концертите во 13 часот ќе бидат одржани музички работилници водени од врвни музичари. Музичките работилници ќе бидат организирани на светско ниво и претставуваат убава можност посетителите на овие работилници да се стекнат со музичко знаење и практични насоки. Работилниците ќе бидат со слободен влез и интерактивни во својата природа, а на нив се поканети да присуствуваат сите заинтересирани студенти, млади луѓе и, воопшто, сите љубители на добрата музика.

Билетите можат да се набават во книжарниците на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.

Ве покануваме да бидете дел од уште едно убаво музичко доживување на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.

 

Последен пат изменето на Петок, 13 Мај 2016 14:35
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…