- Книгата содржи песни од детството, песни посветени на воините Гоце Делчев, Јане Сандански и Тодор Александров, како и песни посветени на љубовта кон татковината и кон еден минат период полн со доживувања и случки од легендарното Ново Село, во плитворите, по сокаците, по Брегалница, исчезнувањето на јаворот како симбол за едно вековно сведоштво за животот на жителите овде. Тука се пее и за проблемот на нашето иселување преку океанот за нашите цркви и манастири овде и во туѓина кои сведочат за нашето опстојување и нашиот идентитет - вели проф. д-р Блаже Китанов.
Ова е четиринаесетта книга на професорот Китанов. Проф. д-р Блаже Китанов е роден на 17 декември 1952 година во Штип. Тој од 2001 до 2009 година беше декан на Педагошкиот факултет при УКИМ, а моментално е професор на Факултетот за образовни науки при УГД. Член е на Друштвото на писателите од 1998 година. Книгата „Во сенката на јаворот“ може да се најде во сите подобро снабдени книжарници.