Концерт на Благица Поп Томова и Милица Шкариќ во Њујорк

Доц. м-р Благица Поп Томова и проф. д-р Милица Шкариќ на 22 мај ќе одржат рецитал во Њујорк. Двете уметници ќе се претстават со песни за сопран и пијано од П. И. Чајковски, С. Рахмањинов, македонските композитори Т. Зографски, Т. Прокопиев, Г. Гавриловски и арии од В. Белини, Џ. Пучини, А. Каталани и Ш. Гуно.

Благица Поп Томова дипломирала и магистрирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Првенка е во Македонската опера и балет и има настапувано во бројни позитивно оценети главни улоги. Доцент е на Музичката академија во Штип.
Милица Шкариќ завршила студии по пијано во Париз и во Хамбург. Добитник е на голем број домашни и меѓународни награди. Професор е по пијано на Музичката академија во Штип.

Заедничкиот настап на двете уметници следува по успешната минатогодишна турнеја низ Македонија. Концертот е поддржан од  Министерството за култура на Р. Македонија и е во соработка со Македонскиот културен центар во Њујорк и Grace notes concert series во Белфорт.

Последен пат изменето на Четврток, 19 Мај 2016 08:51
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…