(Видео) „Васил Хаџиманов бенд“ го има завршниот концерт и предавање во Уметничка пролет на УГД

По одличниот настап на Петрит Чеку, Антонијо Китановски и Ема Попивода и по незаборавниот концерт на Влатко Стефановски и Мирослав Тадич, Универзитетот „Гоце Делчев“ го најавува и последниот концерт од проектот Уметничка пролет на УГД.

На 27 мај во Мултимедијалниот центар на УГД, со почеток во 21 часот, ќе настапи Васил Хаџиманов со својот бенд. Овој одличен изведувач ќе има мастер клас за студентите на Музичката академија во 18 часот, исто така, во Мултимедијалниот центар. Часот е од отворен тип и може да присуствуваат сите кои сакаат да слушнат едно несекојдневно предавање за музиката.

Билетите за концертот на „Васил Хаџиманов бенд“ веќе се пуштени во продажба во сите книжарници на УГД – Економски факултет, ФОН и Кампус 2, по цена од 150 денари. За музиката и за она што го нуди Васил Хаџиманов слушнете во неговото интервју за Универзитетската телевизија и радио.

 

Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…