Филмската академија организира Философско кино

Филмската академија во соработка со Домот на младите во Штип организираат Философско кино на тема „За љубовта“. Ова е прв ваков настан што го организира Филмската академија заедно со предметниот професор по Философија доц. д-р Трајче Стојанов.

На настанот ќе се проектира филмот „Краток филм за љубовта“ (1988) од режисерот Кшиштоф Кјешловски (Полска).

Настанот ќе се одржи на 25 мај, со почеток во 19.30 часот, во салата на Дом на млади во Штип. Влезот е слободен.

Поканети се сите љубители на добриот филм, кој ќе биде придружен и со философска дискусија меѓу присутните.

Последен пат изменето на Понеделник, 23 Мај 2016 14:36
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…