Приказ на предметите според таг: studenti
Обука за истражувачко новинарство за студентите на новинарство
Организациите Центар за управување со промени и Институт за човекови права, заедно со Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип организираа дводневна Обука за истражувачко новинарство, наменета за студентите на новинарство на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип и на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје.
Можности за пракса во Македонски телеком и во Лајкамобајл
Компаниите Македонски телеком и Лајкамобајл имаат потреба од студенти за пракса на повеќе позиции. Студентите на УГД можат да конкурираат за овие позиции под услови кои се објавени во повиците на двете компании.
„Еразмус плус дружење“ – бидете Еразмус плус студенти
Во полната сала на Мултимедијалниот центар на УГД студентите – учесници во програмата за студентска размена „Еразмус плус“ ги споделија своите искуства со своите колеги, кои пак во иднина ќе бидат Еразмус плус студенти.
„Чиста 10-ка“ – аплицирајте со својата бизнис-идеја за грант од 10.000 евра
Охридска банка организира натпревар за најдобра бизнис-идеја, во кој можат да се вклучат млади на возраст од 18 до 35 години.
Спортскиот центар на УГД збогатен за Академски радиоаматерски клуб
Универзитетскиот спортски центар на УГД е збогатен за уште еден клуб – Академски радиоаматерски клуб, со што спортските содржини и можности за студентите се уште побогати и поголеми. Според проректорот за настава, проф. д-р Кирил Барбареев, ова е интересна можност, бидејќи многу универзитети во светот веќе имаат вакви клубови и има универзитетски светски првенства.