Во повикот на Лајкамобајл стои:
Доколку се гледате себеси како практикант во динамична средина, полна со нови и интересни предизвици и можности за развој на Вашата кариера преку пракса во тимот за продажба и маркетинг и ги исполнувате следниве услови:
- Студент на Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, III или IV година, сите департмани;
- Висока мотивација за стекнување на вештини и знаења од областа;
- Желба за работа во тим;
- Комуникациски и презентациски вештини, посветеност и сериозност во пристапот кон работата;
- Желба за развој на кариера во секторот Телекомуникации,
Ве охрабруваме да ја испратите Вашата кратка биографија на следнава е-адреса:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., со назнака „За Практична настава“
Компанијата Телеком бара практиканти за одделите Техника, Продажба – продажни салони и Контакт центар во градовите Скопје, Тетово, Кичево, Битола, Куманово, Струга, Гостивар и во Прилеп.
⇒ ТЕХНИКА – ангажираните практиканти би ги извршувале следниве активности:
- Отстранува пречки и врши инсталација на услуги на Македонски телеком на корисничка страна, во сите сегменти (секударна мрежа, внатрешна инсталација, CPE опрема, на бакарна и оптичка мрежа);
- Внатрешната инсталација ја изведува во согласност со упатствата за работа;
- Обезбедува инсталација или реконфигурација на CPE опрема согласно со упатствата за работа;
- Се грижи и одговара за точност на внесените податоците во налозите во апликација;
- Работи преку апликација од терен, врши задолжување и раздолжување на налози во апликација од терен.
⇒ ПРОДАЖБА - ангажираните практиканти согласно со табелата подолу би ги извршувале следниве активности:
- Ангажманот се однесува на helpers за промовирање на нови кампањи и производи на компанијата;
- Помош при наплата на сметки на терминалот за самонаплата;
- Помош на вработените во салоните.
⇒ КОНТАКТ ЦЕНТАР - ангажираните 14 практиканти би ги извршувале следниве активности:
- Кампањи;
- Истражувања;
- Припејд дојдовни повици;
- Регистрација на корисници.
Ангажираните практиканти за својата работа ќе добиваат месечен надомест од 10000 денари.