Приказ на предметите според таг: studenti
Второ место за студентите на Правен факултет на натпревар пред Европскиот суд за човекови права
Студенти на Правeн факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ годинава за првпат го претставија Универзитетот на натпревар за познавање на постапката пред Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) и познавање и владеење на Европската конвенција за човекови права.
Студентка од УГД – добитничка на стипендија за престој во Германија
Ирина Мазгански, студентка на Kатедрата за германски јазик и книжевност на Филолошки факултет при Универзитет „Гоце Делчев” во Штип е добитничка на германската стипендија од ДААД (Германска агенција за академска размена), која летово на студентката ќе ѝ овозможи едномесечен студиски престој во Германија, поточно на Универзитетот во Аахен.
Студенти на Правниот факултет на натпревар пред Европскиот суд за човекови права
Студенти на Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ годинава за прв пат ќе го претставуваат Универзитетот на натпревар за познавање на постапката пред Европски суд за човекови права (ЕСЧП) и познавање и владеење на Европската конвенција за човекови права, која ја има ратификувано и имплементирано и нашата држава.
Модна ревија на студентите на Тенолошко-технички факултет
Студентите на Технолошко-технички факултет при УГД во понеделник (12.6.2017) ќе имаат своја изложба на креации. Проектот, кој е насловен „Во светот на бајките“, е во соработка со Библиотеката „Гоце Делчев“ во Штип. Проектот е поддржан и од Министерството за култура на Република Македонија.
Студенти на Електоротехнички факултет го посетија изложбениот центар на ХЕЦ „Матка“
Студентите на Електротехнички факултет при УГД, заедно со нивниот ментор ас. м-р Далибор Серафимовски, на 10 мај го посетија новоотворениот музејско-изложбен центар на ХЕЦ „Матка“, изграден и отворен за посета од страна на австриската компанија ЕВН. Ова е првиот изложбен центар за историјата на развојот на производството на електрична енергија во земјава и во регионот, кој е сместен во автентичниот и оригинален простор на старата хидроцентрала „Матка“.