Грантови за практикантство

Цивика мобилитас објавува Повик за доделување мали грантови за практикантство кои ќе понудат поддршка на интеракцијата меѓу граѓанските организации, другите актери на граѓанското општество и нивните конституенти од Швајцарија и од Македонија.

За да биде подобен за грант во рамките на овој Повик за предлози, апликантот мора да има минимум 18 години и да биде државјанин на Швајцарија со потекло од Македонија и/или пак државјанин на Македонија кој постојано или привремено живее/престојува во Швајцарија.

Во рамките на овој Повик за предлози, пријавите мора да вклучуваат еден или повеќе соработници. Овие соработници мора да бидат актуелни институционални (ИНС), акциски и/или специфични акциски носители на грантови на Цивика мобилитас, како и проектната канцеларија на Цивика мобилитас.

Повикот се состои од:

Рокот за поднесување на пријавите е 30 јуни 2016 година до 14 часот по македонско време. Пријавите може да бидат поднесени во кое било време до овој датум и време.

Пријавите мора да бидат доставени до Цивика мобилитас на англиски јазик по е-пошта, во чиј наслов треба да стои референтниот број за овој Повик ЦМ-ИНР-01 на следната адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Страниците од пријавата и прилозите кои содржат потписи и печати треба да се испратат скенирани.

Заинтересираните може да ги испратат своите прашања по писмен пат преку е-пошта, во кое било време до 25 јуни 2016 г. на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Во насловот на пораката да стои референтниот број за овој Повик, ЦМ-ИНР-01.

Прочитајте повеќе на официјалниот повик.

 

Последен пат изменето на Петок, 10 Јуни 2016 11:18
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…