„Патуваме во Европа 2016“ – Аплицирај и добиј 22-дневно патување низ Европа

Остана уште само една недела за пријавување на студентите за конкурсот „Патуваме во Европа 2016“. Она што некогаш беше далечно и недостижно, ова лето повторно ќе им е на дофат на рака на дванаесет студенти од Македонија. Деветта година по ред преку проектот „Патуваме во Европа“ дванаесет студенти од Македонија ќе добијат уникатна можност да ја истражуваат Европа и да ја промовираат својата земја. Конкурсот е отворен за студенти кои се во завршна година на студирање и кои имаат желба за патување, нови авантури и нови познанства.

Студентите кои сакаат да бидат дел од тимот кој 22 дена ќе патува низ Европа можат да ги поднесат своите апликации до 29 јуни. Право да аплицираат имаат студенти во завршна година на студирање или апсолвенти, кои имаат просечна оценка поголема од 8,00 во текот на студирањето. При селекцијата предност имаат оние студенти кои до сега немале можност да ја прошетаат Европа.

Аплицирањето е електронски, а формуларите и сите информации за проектот се достапни на интернет-страницата: http://www.patvoevropa.org.mk/

Последен пат изменето на Четврток, 23 Јуни 2016 13:07
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…