Центарот за доживотно учење при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, организира обука за Оралнохируршки процедури во менаџментот на флап-дизајн: резенки, инструменти и техники на шиење – основно ниво.
Со пријавување и завршување на оваа еднодневна обука, учесниците ќе стекнат практични знаења од полето на денталната медицина, кои ќе бидат во функција на зголемување на нивните знаења, вештини и компетенции од областа на орална хирургија.
Секој учесник по завршувањето на обуката ќе се здобие со сертификат за завршена обука согласно Закон за образование на возрасните („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/2008, 17/2011, 51/2011, 74/2012, 41/2014, 144/2014, 146/2015 и 30/2016).
Обуката ќе биде реализирана од проф. д-р Цена Димова, од Факултетот за Медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Максимален број на кандидати кои може да учествуваат на обуката е 8 (осум).
Време на одржување: 24.12.2016 - сабота
Место на одржување : Факултет за Медицински науки, УГД Штип
Цена: За еден учесник котизацијата изнесува 4500 денари, плус ДДВ
Уплата на жиро сметка на Универзитет „Гоце Делчев“-Штип 100000000063095
Сметка на корисник 1600160330-788-22
Приходна шифра 723113
Програма 44
Образец ПП-50
Контакт: ЦДУ
Телефонски броеви за контакт: 032 550-093 / 032 550-458
Бројот на учесници е до осум кандидати.
Контакт:
тел. 032/ 550-093
еmail:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.