Повик за изработка на мобилна апликација во рамките на националната кампања „Информирај се сега!“

Во рамките на националната кампања „Информирај се сега!“, Коалиција СЕГА со  младинските информативни и советодавни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и од Кавадарци во соработка со Агенцијата за млади и спорт (АМС) и со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство организираат натпревар за изработка на мобилна апликација за веб-страницата www.mladi.ams.mk.

Наградниот фонд за најдобрата апликација изнесува 500 евра во денарска противвредност, а право на учество имаат тимови со максимум 3 (три) члена - студенти на еден од државните или приватните универзитети во Р. Македонија.

Тимовите ќе имаат задача да подготват мобилна апликација која ќе ги прикажува содржините што се наоѓаат на сајтот www.mladi.ams.mk и која ќе работи минимум на Андроид платформа.

Критериуми за учество:

  • тимови од максимум тројца студенти на возраст од 18 до 25 години;
  • сите членови на тимот мора да се студенти на еден од државните или приватните Универзитети во Р. Македонија.

Пријавете го Вашиот тим најдоцна до 19 декември 2016 година до 16 часот на следниов линк.

Коалиција СЕГА во соработка со АМС и ФИНКИ ќе организираат претставување на натпреварот во амфитеатарот на ФИНКИ на 21.12.2016 година за сите пријавени тимови. На презентацијата тимовите ќе добијат повеќе информации за барањата, критериумите и условите за учество на натпреварот, како и за основните функционалности на постоечкиот сајт mladi.ams.mk.

Организаторот ќе ги обезбеди потребните сервиси од кои мобилната апликација ќе ги вчитува информациите.

Апликациите на учесниците на натпреварот ќе ги евалуира стручно жири составено од тројца професори на ФИНКИ,  еден вработен во АМС и еден од Коалиција СЕГА.

Критериумите за евалуацијата се:

  • функционалност на апликацијата - да интегрира што повеќе функции што веќе постојат на www.mladi.ams.mk;
  • да работи минимум на Андроид платформа;
  • да биде лесно екстензибилна;
  • добар визуелен изглед на мобилната апликација;
  • перформанси на апликацијата.

Презентацијата на сите апликации и прогласувањето на најдобрата ќе се одржи во амфитеатарот на ФИНКИ во текот на февруари 2017 година, со дополнително известување за точниот термин.

Сите прашања поврзани со натпреварот може да ги поставите на следниве електронски адреси: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Последен пат изменето на Среда, 14 Декември 2016 11:19
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…