Претставници на извонредни американски колеџи и универзитети ќе ги посетат Љубљана, Загреб, Сараево, Подгорица, Белград, Скопје и Приштина, како дел од Југоисточноeвропската Education USA тура која се организира по четврти пат, по огромниот успех во 2014 година кога турата привлече над 2 000 посетители. Овој саем претставува можност да се запознаете со претставниците на високообразовните институции и да ги поставите сите ваши прашања поврзани со прием на интернационални студенти и понудените академски програми за додипломски и постдипломски студии, како и за можностите за стипендии и финансиска помош.
Повеќе информации за регистрација на овој саем можете да најдете тука:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdkE39fft2DkLx_rcG4z9p7j5w733_SUM0TTOM5sarLsNHJdA/viewform
Учеството на саемот е бесплатно, но регистрацијата е потребна поради понатамошна комуникација со потенцијалните студенти, како и за увид во бројот и интересите на заинтересираните посетители.
На саемот во Скопје оваа година ќе се претстават:
- American University in Bulgaria - www.aubg.edu
- Foothill and De Anza Colleges - www.fhda.edu
- Central Penn College - www.centralpenn.edu
- University of Colorado Boulder - www.colorado.edu
- Fairleigh Dickinson University - www.fdu.edu/global
- Minerva Schoolsat KGI - www.minerva.kgi.edu
- University of Redlands - www.redlands.edu
- Savannah Collage of Artand Design - www.scad.edu
- Virginia Tech - www.vt.edu
Education USA претставува мрежа на повеќе од 400 центри за советување во 170 држави во светот, поддржани од Бирото за образование и култура на Стејт департментот на САД, чија цел е поттикнување на меѓусебно разбирање помеѓу граѓаните на САД и граѓаните на другите држави.
Education USA (http://educationusa.state.gov/)