Можност за практична работа во Народна банка на Република Македонија

Студентите на високообразовните институции од областа на економијата, правото, информатичките науки и други општествени науки коишто се во доменот на работата на организациските единици во Народна банка имаат можност да вршат практична работа во Народна банка на Република Македонија во текот на јуни, јули и август 2017 година.

Пријавата се доставува до Народна банка, откако претходно е целосно пополнета од страна на студентот со потврда и печат на факултетот, а кон барањето треба да се достават и:

- доказ за видот на образованието коешто е во тек (копија од индекс или ИД);

- доказ за просечен успех;

- доказ за познавање на англиски јазик (се прифаќа и копија од положен испит по англиски јазик);

- доказ за познавање MS Office (се прифаќа и копија од положен испит по информациски технологии);

- мотивациско писмо.

При одобрување на пријавата ќе се имаат предвид видот на образованието, просечниот успех, како и покажаната мотивација за вршење практична работа во Народната банка.

Пријавата за вршење практична работа е објавена на веб-страницата на Народна банка www.nbrm.mk.

Последен пат изменето на Четврток, 11 Мај 2017 11:13
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…