Повик за Еразмус мобилност за студентите на УГД

Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип врз основа на Еразмус+ универзитетски чартер бр. 256492-EPP-1-MK-EPPKA3-ECHE распишува Конкурс за Еразмус+ мобилности за академската 2019/2020 година, почнувајќи од зимски семестар и тоа:

  1. Мобилности за студенти:
  • студенти на додипломски студии – прв циклус студии, со запишан најмалку трет семестар;
  • студенти на втор циклус студии;
  • студенти на трет циклус студии.

Право на аплицирање имаат редовните студенти на Универзитет „Гоце Делчев“.

Конкурсот е отворен за:

  • 30 студентски мобилности.

Потребни документи за аплицирање:

  • пополнет образец за студент;
  • фотокопија од индекс (прва страница);
  • уверение за положени испити;
  • кратка биографија;
  • мотивациско писмо;
  • две препораки од професори/асистенти;
  • потврда за познавање на странски јазик;
  • копија од сертификати. 

Повеќе информации за потребните документи можат да се најдат на овој линк: http://cmus.ugd.edu.mk/index.html 

 

Целата документација треба да биде на македонски јазик. Документите се доставуваат лично во Одделението за меѓууниверзитетска соработка (Кампус 2) или по пошта на адреса:

М-р Сања Стефанова

Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип

Одделение за меѓууниверзитетска соработка

(Кампус 2)

Бул. „Крсте Мисирков“ 10-А, п. фах 201

2000 Штип, Р Северна Македонија

Документите што ќе бидат поднесени електронски нема да бидат разгледувани.

Конкурсот е отворен од 18 февруари до 29 март 2019 година.

Последен пат изменето на Понеделник, 18 Февруари 2019 13:52
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…