Награден Конкурс за најдобра творба во поезија или во проза

Филолошкиот факултет и Институтот за странски јазици при УГД распишуваат Конкурс за најдобра творба во поезија или во проза на тема „Уметноста мора да биде верна на себеси. Таа не е ничија слугинка!“.

КРИТЕРИУМИ ЗА УЧЕСТВО

  • Право на учество имаат сите ученици од средните училишта во Република Северна Македонија;
  • Пријавените творби во поезија или во проза мора да бидат оригинални и самостојно изработени или под менторство на предметен наставник;
  • Пријавените творби може да бидат напишани на кој било од јазиците што се изучуваат на Филолошкиот факултет: македонски, англиски, германски, турски, италијански, руски, француски и шпански јазик;
  • Творбите се испраќаат во печатена форма, А4 формат (од 250 до 1000 зборови).

Со творбите треба да се испратат и следниве информации:

  • за кандидатот - име и презиме, датум на раѓање, адреса на живеење, телефонски број, училиште и година;
  • за менторот - име и презиме, телефонски број и училиште.

НАГРАДИ

Предвидени се посебни награди за две категории:

  • творба во поезија или во проза на македонски јазик;
  • творба во поезија или во проза на странски јазик (англиски, германски, турски, италијански, руски, француски и шпански јазик).

Паричната награда за првонаградената творба во поезија или во проза е 6000 денари, за второнаградената е 4000 денари и за третонаградената е 2000 денари.

Наставниците-ментори на наградените учесници ќе добијат благодарница.

Свеченото доделување на наградите ќе се одржи на 24 април 2018 година.

ПРИЈАВУВАЊЕТО МОЖЕ ДА СЕ ВРШИ

  • По пошта на адреса:

За Награден конкурс

Филолошки факултет при УГД - Штип

ул. „Крсте Мисирков“ 10-А

пош. фах 201

2000 Штип

  • Или лично:

Филолошки факултет при УГД - Штип

Книжарница, Кампус 4

За повеќе информации посетете ја нашата Фејсбук страница: Филолошки факултет, УГД-Штип

  • ПРИЈАВУВАЊЕТО Е НАЈДОЦНА ДО 5 АПРИЛ 2019 ГОДИНА.
Последен пат изменето на Четврток, 14 Март 2019 12:45
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…