Приказ на предметите според таг: studenti
Студентите на медицина со акција „Здравје за сите“ за Денот на УГД
По повод Денот на УГД - 27 март и 12 години Универзитет „Гоце Делчев” – Штип, во среда (27.3.2019 година) Студентската организација при Факултетот за медицински науки ќе спроведе акција „Здравје за сите“, која опфаќа бесплатно мерење на крвен притисок и шеќер во крвта и добивање на совети за чување и унапредување на здравјето.
УГД на Генералното собрание на Western Balkans Alumni Association
Во периодот од 14 до 16 март 2019 година координаторката на програмата „Еразмус плус“, Сања Стефанова, заедно со пет Еразмус плус алумни студенти на УГД присуствуваа на I Генерално собрание на Western Balkans Alumni Association во Тирана, Албанија.
Еразмус студентите ги споделија своите искуства од универзитетите во Европа
Студентите на Факултетот за медицински науки при УГД кои имаа можност да реализираат Еразмус плус размена денес во Кампус 2 на УГД ги споделија своите искуства со останатите колеги и со јавноста.
Пријавување за учество на „Приматијада 2019“
Студентите на УГД ќе имаат можност да учествуваат на научно-спортски средби на студенти од факултетите за природни науки од просторот на поранешна СФРЈ, познати како „Приматијада“, а годинава организирани од Студентскиот сојуз на Математичкиот факултет на Универзитетот во Белград.
Студенти од европски универзитети преку „Еразмус плус“ на УГД
Четириесетина студенти од универзитети од повеќе европски држави во наредниот период ќе престојуваат на Универзитетот „Гоце Делчев“ преку програмата „Еразмус плус“. Ова претставува континуитет на високото ниво на практицирање на оваа програма за студентска размена на УГД, како во поглед на престој на студенти на УГД, така и со заминувањето на наши студенти на европските универзитети.