Приказ на предметите според таг: studenti
Се бараат студенти за учество во видеоспот на УГД
УГД ги информира сите заинтересирани студенти дека имаат можност да учествуваат во изготвување на најновиот видеоспот за Универзитетот. Спотот ќе се снима на неколку локации во Штип, а за тоа се потребни и студенти од УГД.
Студенти од ФТБЛ успешни на гастрономски натпревар „Новогодишна - Божиќна трпеза“
На 24 декември, во комплексот Етно село „Тимчевски“, се одржа гастрономски натпревар организиран од страна на асоцијацијата Гастромак во кој учествуваа четворица студенти од ФТБЛ. По повод прославата на новогодишните празници, натпреварот беше со една заедничка тема „Новогодишна - Божиќна трпеза“.
Студентите на Технолошко-технички факултет изработија облека за хуманитарни цели
Студентите на Технолошко-технички факултет се вклучија во хуманитарна акција со изработка на детска облека. Хуманитарната акција е со поддршка на градоначалникот на Општина Крушево и директорката на НУ Спомен куќа „Тодор Проески“, Елена Мирческа, а студентите на УГД петта година по ред се учесници во хуманитарни модни ревии под менторство на доц. м-р Ванѓа Димитријева-Кузманоска.
Идните правници на средба со пратениците Казанџиска и Ѓорчев
Студентите на Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип во рамките на наставните активности имаа средба со пратеници од Собранието на Република Македонија.
Студентите на Правен факултет во посета на Македонска берза
Студентите од трета година на Правниот факултет при УГД во рамките на предметната програма на курсот Финансово право, под раководство на доцент д-р Кристина Мишева, беа во посета на Македонската берза на хартии од вредност на Р Македонија.