На Конференцијата учествуваа 40 учесници од земјава и од странство (Бугарија, Грција и Косово), најголем дел студенти на втор и трет циклус студии на ФТБЛ, како и учесници од други универзитети и институции. Научните и стручни трудови кои беа презентирани на Конференцијата се поврзани со проблематиката од областа на туризмот, економијата и логистиката. Од Конференцијата ќе биде публикуван зборник на трудови.