Енциклопедијата се состои од осум тома со 750 прилози од водечки научници и професори од целиот свет, изработена под раководство на меѓународен тим на уредници и претставува единствена енциклопедија со таков обем што ќе претставува важна референтна литература во областа на изучувањето на англискиот јазик. Енциклопедијата е поделена на 14 теми и секоја од нив содржи голем број прилози кои ја обработуваат темата од различни аспекти.
Прилогот на проф. д-р Нина Даскаловска со наслов „Historical Perspectives on Teaching Speaking” е дел од темата посветена на развивањето на вештините на зборување.
Учеството на професор од Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип во создавањето на ова вредно дело претставува голема чест за Универзитетот, потврда за залагањето на наставничкиот кадар да бидат дел од научните текови во светот и поттик за понатамошно работење и творење заради лична афирмација, но и афирмација на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип во светски рамки.
http://onlinelibrary.wiley.com/doi/10.1002/9781118784235.eelt0710/abstract