Повеќе од двесте гости од пет универзитети од нашата држава и од странство ќе имаат можност да учествуваат на овој настан организиран од страна на студентите по дентална медицина и на студентите на студиската програма Стручен забен техничар - протетичар, под покровителство на ректорот на Универзитетот и деканот на Факултетот за медицински науки на Универзитетот „Гоце Делчев“.
Своето активно или пасивно учество го најавија студенти и професори од нашиот универзитет, од Медицинскиот факултет при Универзитетот во Ниш (Република Србија), Стоматолошкиот факултет при Европскиот универзитет во Скопје, Факултетот за медицински науки при Државниот универзитет во Тетово и Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Интересните предавања од страна на еминентни професори и асистенти, усните и постер-презентациите изработени од страна на студените, како и бројните работилници кои имаат за цел да ги подобрат практичните знаења на студентите ќе побудат интерес не само кај студентите на студиите по дентална медицина и стручен забен техничар - протетичар, туку и кај студентите на останатите студиски програми, како и на специјализантите и докторандите на Факултетот за медицински науки.
AGENDA AND ABSTRACT BOOK (.PDF)