Ректорот и проректорите на конференција во Словенија

Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ заедно со проректорите на УГД ќе бидат дел од конференција во Љубљана насловена „Spreading excellence, Enhancing Synergies, perspectives from South – East Europe”. Конференцијата ќе се одржи утре, а дел од темите се поврзани со академската соработка и иднината на високото образование.

На конференцијата свои излагања ќе имаат професори, ректори, но и министри за образование од државите од регионот. Конференцијата е можност сите меѓусебно да се запознаат и да воспостават нови соработки. Предвидени се многу билатерални средби и планирано е да се воспостават нови соработки и контакти.

Последен пат изменето на Петок, 16 Март 2018 09:43
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…