(Видео) Професорка од Финска одржа предавање за климатските промени и земјоделието

Професорката Аника Михелсон од Хамк Универзитетот за применети науки во Финска  во текот на оваа седмица одржа серија на предавања кои се однесуваат на климатските промени и земјоделието.

Таа пред студентите на Земјоделскиот факултет ги пренесе искуствата на Финска во однос на справувањето со климатските промени.  

- Ние во Финска веќе ги чувствуваме последиците од климатските промени можеби повеќе од Македонија, но тоа не значи дека тие не се чувствуваат и овде. Одлучив да зборувам за оваа проблематика затоа што сметам дека оваа тема е исклучително значајна за секој студент во целиот свет. Ние почнавме да применуваме земјоделие кое ја заштитува почвата и доведува до намалување на последиците од климатските промени. Воедно се создаваат подобри земјоделски производи. Се надевам дека ќе имам можност да го пренесам тоа искуство овде во Македонија - изјави професорката Михелсон.

Таа е присутна на Универзитетот „Гоце Делчев“ како дел од Еразмус плус програмата, а најголем дел од предавањата се насочени за студентите на Земјоделски факултет. За повеќе погледнете од краткото интервју кое го реализиравме со професорката од Финска.

 

 

Последен пат изменето на Понеделник, 28 Мај 2018 09:03
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…