На 15 и 16 септември 2018 г., проф. В. Драјден од Универзитетот во Лондон одржа сертифициран семинар - тренинг работилници насловени „Cognitive-Behavioural Coaching“.
На 22 и 23 септември 2018 г., проф. Кристин Дојл (St. John’s University), директор на Институтот „Алберт Елис“ во Њујорк, одржа сертифициран семинар - тренинг работилници насловени „REBT/CBT for individuals with eating disorders and body image problems“.
Проф. д-р Ленче Милошева, советник за наука и научна соработка на УГД, редовен професор на Факултет за медицински науки, активно учествуваше на овие семинари. На семинарите, исто така, се разговараше за можностите за научна соработка и за развој на РЕБТ и КБТ психотерапијата и коучингот за првпат во Р. Македонија на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип.