На јубилејната конференција учествуваа претставници од универзитети од Русија, Полска, Јапонија, Кина, претставници од повеќе универзитети од Бугарија, како и претставници од Земјоделскиот факултет при УГД, предводени од деканот проф. д-р Љупчо Михајлов, кој воедно беше дел од официјалниот почеток на конференцијата, како и на средбата со деканите и ректорите на сите универзитети гости на конференцијата.
Јубилејната конференција овозможи презентирање на дел од активностите на Земјоделскиот факултет, како и можност за размена на контакти и отворање можности за идни соработки со други институции.